СОС ДЕТСКО СЕЛО МИ ОВОЗМОЖИ ДА СИ ГО ОСТВАРАМ СОНОТ: ЖИВОТНАТА ПРИКАЗНА НА МЛАДИОТ УМЕТНИК МАРТИН БУРОВСКИ

Речиси десет години од својот живот, заедно со својот постар брат, Мартин Буровски ги поминал во СОС детското село. Растењето во оваа средина, го зајакнало Мартин и му помогнало уште повеќе да се бори за својот сон, да стане ликовен уметник.

Мартин минатата недела ја имаше својата втора самостојна изложба, на настанот „Едно семејство“, кој го организираше СОС детското село, а се одржа во едукативниот центар М6.

-Ова е мојата втора самостојна изложба која ја правам под менторство на мојот учител во сликарството академскиот сликар Ставре Димитров-Стадим и поддршка на СОС Детско село. Беа изложени 12 продажни дела и 4 експонати кои ми се премногу драги и сакам да си ги чувам целиот мој живот. Во моите дела најчесто доминира реализмот, импресионизмот и експресионизмот. Тоа се моите омилени правци, особено рускиот реализам. Инспирацијата за создавање на едно дело најчесто ја земам од класичната музика и композиторите како Густав Малер, Вагнер, Чајковски и мојот омилен Јоханес Брамс“, раскажа младиот уметник на Женски магазин.

Креативноста, Мартин почнал да ја изразува уште како многу мал, но на друг начин. Со сликарството почнал да занимава во 2013 година кога го запознал неговиот учител Стадим. Тој го вовел во техниката и му го пренел целото негово долгогодишно искуство. Првиоте дела на Мартин биле апстракции, што е  основата на сликарството. Мартин вели дека има направено бројни апстракции со цел да се ослободи во мешањето на боите.



– СОС Детско село ми овозможи многу. Како мал, кога почнав да ги покажувам моите интереси кон уметноста, со поддршка од СОС Детско село  учествував на многу креативни работилници организирани во кругот на селото и надвор од него. Најчесто изработував новогодишни честитки и цртав мотиви на глинени садови. Мојот талент особено дојде до израз кога го започнав средното образование и се преселив во младинската куќа на СОС Детско село. Додека живеев таму, селото  ми даде можност да добивам часови од академскиот сликар Стадим, како и многу материјали (платна, четки, бои) кои ми беа неопходни“, раскажува Мартин за својот дом во детството и во тинејџерските денови. Тие денови, го челичеле и го направиле подобар човек. 

Целиот напис прочитајте го овде.

Извор: Женски магазин

Претходна статија

ПОСНИ ШТРУДЛИ СО ЈАБОЛКА

Следна статија

7 ЗНАЦИ ДЕКА СТЕ ГО ПРЕЛЕЖАЛЕ КОРОНАВИРУСОТ БЕЗ ДА ЗНАЕТЕ ЗА ТОА

Најново од Магазин