| |

Обвинителството во Косово: Уапсените ќе одговараат за тероризам

Специјално обвинителство на Косово синоќа соопшти дека за нападот врз косовската полиција се приведени шест лица кои се осомничени за повеќе кривични дела, а едно од нив е тероризам.

„Станува збор за напад врз уставниот поредок на Косово, подготовка на терористички акти или криминални дејствија против уставниот поредок и безбедноста на Косово, поседување, контрола или неовластено поседување оружје“, соопшти обвинителството.

Исто така, обвинителството објави дека во денешната акција се запленети возила со значително количество оружје.

На приведените им е одреден притвор до 48 часа, соопшти обвинителството, пренесе Коха.

Слични Објави