|

Од утре веќе не е потребен Ковид сертификат за влез во Бугарија од Северна Македонија

Од утре, лицата кои пристигнуваат од Република Северна Македонија, Турција, Романија, Србија, Унгарија, Полска, Чешката Република, Словачка, Израел и Египет при влез во Бугарија веќе не се обврзани да поседуваат дигитален Ковид сертификат.

Одлуката ја донесе бугарската министерка за здравство проф. Асена Сербезова, со наредба издадена денеска.

Наредбата, исто така, наведува дека трупите на НАТО кои учествуваат во меѓународни вежби и мултинационални контингенти и придружници на цивили, исто така, не се обврзани да презентираат дигитален ЕУ Ковид сертификат за вакцинација, прележана болест или негативен тест, или слични документи што ги содржат истите податоци.

Слични Објави