|

Одбележуваме 1140 години од упокојувањето на Св. Методиј

На 6-ти април 885 г. на мисија во Велика Моравија умира Св. равноапостолен Методиј (роден 815 г. во Солун со светско име Михаил), прв словенски епископ. Заедно со помладиот брат Св. Кирил ја составуваат глаголицата. Канонизирани се од целокупната христијанската црква за светци и се објавени за едни од покровителите на Европа со апостолско послание од папата Јован Павле II во 1980 г.

“Солунското Бугарско граѓанство беше добро представено на тоа обштобугарско празнување: мијаците, скопјаните, велешаните, битолчаните, охриѓаните, воденчаните, костурчаните и др. Секој беше задолжително во својата народна носија. Секој беше со китка цвет или со зелено гранче в рака. Секој врвеше бодро, среќен, дека го дочекал тука, во зидините на светиот град, денот на Кирил и Методиј.
Така традицијата, сврзана со сенародната свеченост, од години, од десетици години, ни се представуваше цврста и жива. Таа стана плот и крв од сознанието на сите тие добри Бугари, кои, било привремено или на постојано место на жителство, идеа и се населуваа во Солун – во толку природно географскиот и културен центар за македонските Бугари.
Кирило-методиевската свеченост, празнувана секоја година ги спојуваше волјите, ги возвишуваше душите на сите солунски Бугари, дарени со толку вредни духовни квалитети, разполагајќи до 1913 г. со пет основни училишта, со две реални и една класична гимназија, со една педагошка гимназија, со една трговска гимназија и со четири цркви.
Тие културни центри имено во денот на Св. Солунски браќа се полнеа со богомолци Бугари од сите краишта на градот. Паролата на секој добар Бугарин, на секој маж, на секоја жена, на секое дете, дури и на старците беше да се сретнат во обширните дворови на машката гимназија.
Во нови и нови раскошни табла со ликовите на Св. Кирил и Методиј, во зеленила и во свежи венци од цвеќиња беше потоната велелепната старинска зграда на солунската Бугарска машка гимназия – тој најјужен беломорски симбол на себугарски и сесловенски духовен напредок од вековите, тој гостопримлив замок, изграден од името и во името на двата свети браќа – првите наши духовни будители, чија христијанска култура, чија старобугарска писменост свето ја пазеа и ја пазат нашите дедовци, нашите татковци од најдалечни епохи, чиј што жар и чиј што свет оган го криеме и ние денес, прикованите по подножјата на нашите родни планини чеда на сегашната епоха после поразот! Таа старобугарска писменост и старобугарска култура сакаме ние денес да ја предадеме, колку и слаби да сме, на поколенијата што доаѓаат!
Кој добар Бугарин не може да има барем мала представа за кирило-методиевските празнувања во градот на светите браќа?
Во Солун, беа собрани дваесет илјади Бугари во оние паметни мајски денови на 1913 г., за да вознесат хваленија за славата на првоучителите Св. Кирил и Методиј, кои по волјата Божја го просветија својот Бугарски народ, ги просветија и другите словенски народи.
Ние, Бугарите, се чувствувавме горди. Целиот наш трудољубив, добродушен и тврд народ од градот на себугарските и сесловенски отци во оние паметни денови на последното празнување на паметта на Кирил и Методиј зрачеше со нескршлива вера во иднината, во иднината на Бугарската духовна моќ, која ќе треба да ја преживее променливоста на судбата, за да го одведе Бугарскиот кораб на спасителниот брег, како што било секогаш во минатото.“

ПОСЛЕДНОТО ПРАЗНУВАЊЕ НА СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО ИЗГУБЕНИОТ РОДЕН КРАЈ, Царевна Миладинова, ќерка на Димитар Миладинов

ЗА ЦРКОВНИОТ ИЛИ СЛОВЕНСКИ ЈАЗИК
“Чедо Болгарско! Ти ме прашуваш кој е Словенски јазик? Словенски јазик е обштиот книжевен, и го представија Св. Кирил и Методи Болгари Солунчани; кои што и го пренесоа дури до Илирија и зад дунавските Словенски предели, – и денеска со големо благодарение можеме сите Словени да го именуваат Старо-Болгарски; – Колку што го русизираа Словенскиот јазик Русите, толку го почувствуваа Старо-Болгаризмот. Така убаво учениот и славен Венелин го представи и вложи големо внимание и докажа дека основно-критички Словенскиот јазик е истиот Старо-Болгарски. Но тој чедо Болгарско, знај зошто сето свештено писание, Св. Кирил и Методи што го преведоа, се вика Словенско, тоест: Старо-Болгарско, и зошто се труделе во деветтото столетие по Христа. Меѓутоа колку што денеска се викаат источни Словени, и еден дел Југословени на Римската вероисповед, сите имаат квас од нашите апостоли Св. Кирил и Методи Старо-Болгарското наречие.”

Јордан Хаџиконстантинов – Џинот ЦАРИГРАДСКИ ВЕСТНИК бр. 69, 12.01.1852.




Слични Објави