Одбележуваме 6 години од смртта на големиот македонски Бугарин Панде Ефтимов
На денешен ден пред 6 години во Софија по долго боледување умира големиот македонски Бугарин, новинар, поет и публицист Панде Ефтимов. Тој е внук на револуционерот од редовите на ВМРО Панде Суџов, кој бил убиен од српските поробувачи на Македонија на 23 март 1927 г. во Битола.
Панде Ефтимов е роден на 15 март 1932 г, во преспанското село Претор. Дипломира на Филолошкиот факултет во Скопје. Ги информира бугарските власти за пронаоѓањето на Битолскиот натпис на царот Иван Владислав и со негова помош лентата со фотографиите на натписот е предадена на бугарската амбасада во Белград. Бил дел од неколку патриотски организации, кои имале за цел прогласување на независност на Македонија. Поминал 7 години во затворите на комунистичка Југославија во периодите од 1957 до 1961 и од 1971 до 1974 г.
По излегувањето од затвор, бил следен од тогашните безбедносни структури. Работел како учител и како новинар во скопскиот весник „Народна просвета“. Во 2001 г. објавува две книги со поезија, кои излегуваат на бугарски јазик. Во 2007 година добива бугарско државјанство. Во 2018 година постхумно е одликуван со Орден Стара Планина-Втора степен.