Одбележуваме 69 години од смртта на „Страшилиштето за вразите на България“ Андон Лазов- Ќосето

//

“Подписаниятъ Андонъ Лазовъ Кьосевъ, родомъ отъ с. Голозинци, Велешко, на възрасть 88 години, живущъ въ Горна Джумая, ул. “Солунъ” № 21, съ оръжие въ рѫка, ръководейки десетки чети сѫмъ водилъ сражения съ турци и гърци, като бѣхъ страшилище за вразите на България.
На два пѫти сѫмъ осѫжданъ на смъртъ отъ турцитѣ въ гр. Солунъ и отъ гърцитѣ сѫщо на бесилка въ гр. Атина (задочно), отъ сърбитѣ имамъ една присѫда за бесилка (задочно) въ гр. Бѣлградъ.
Участвалъ е въ М.О.О.
Гор. Джумая 13.II.1943 год.”

Ова е животописната белешка на војводата на ВМОРО Андон Лазов познат како Ќосето, дел од документите што ги поднесол за да добива пензија од Царство Бугарија во тоа време. Документите можете да ги видите овде, истите се објавени од Библиотека Струмски.

Андон Лазов- Ќосето бил пајтонџија и телохранител на д-р Христо Татарчев, првиот претседател на Организацијата. Бил војвода на ВМОРО, бил дел од аферата „Мис Стон“ и учествувал во Македоно-одринското ополчение за време на Првата балканска војна. По балканските војни живее во Горна Џумаја. Заедно со револуционерите Георги Попхристов, Димитар Занешев, Лазар Томов, и сопругите на Димо Хаџи Димов, Александра Хаџи Димова, и Васил Чекаларов, Олга Чекаларова – во специјална декларација се објавуваат против претензиите на комунистичка Југославија дека во Пиринска Македонија живее „југословенско малцинство“, што е малтретирано и прогонувано од власта во Софија.



Андон Лазов Ќосето умира на 10 септември 1953 г. на 98 годишна возраст, неколку дена по инцидент со ограда на неговото лозје, што го потиснала, додека работел во самиот имот.

Претходна статија

Доделени медалите на најдобрите во пливање на 20. Синдикални полициски игри

Следна статија

58 години од смртта на „Македонската Шарлота Корде“- Мелпомена Менча Крничева

Најново од Вести