| | |

Одбележуваме 82 г. од подвигот на бугарскиот воен пилот капитан Димитар Списаревски

На 20 декември 2025 г. се навршуваат 82 години од подвигот на бугарскиот херој од времето на Втората светска војна, воениот пилот Димитар Списаревски. Списаревски го губи својот живот на 20 декември 1943 година, за време на одбраната на Софија од англо-американските бомбардирања на бугарската престолнина.

Списаревски со својот авион соборил голем американски бомбардер удирајќи се во него и жртвувајќи се за да го забави напредувањето на непријателот и да им даде време на софијанци да се сокријат во скривалиштата. Оттогаш е нарекуван „живото торпедо“ и неговиот пример се проучува во многу учебници за воздушна борба.

Иако за време на бомбардирањето, бугарските авиони биле 36, а на непријателските биле околу 200, бугарската ескадрила влегла во воздушна борба, соборила три непријателски бомбардери и седум авиони-ловци и успеала да го одложи воздушниот напад на Софија. За време на одбраната загинале офицерите Димитар Списаревски и Георги Ќумурџиев.

Постхумно, Списаревски, кој загинал на само 27 години, е одликуван со Орден за храброст и е унапреден во чин полковник.

Слични Објави