Одбележуваме 91 година од раѓањето на познатиот поет, романсиер и драмски автор Миле Неделковски
На 25 ноември 1935 г. во Прилеп е роден познатиот поет, романсиер и драмски автор Миле Неделковски. Учел во Тополчани, Загорани и Прилеп. Двапати бил исклучен од прилепската гимназија „Мирче Ацев“ поради одбивањето да зборува на „службениот јазик“. Школувањето го продолжил во битолската гимназија „Јосип Броз Тито“, од која исто така бил исклучен. Во 1958 година вонредно завршил училиште за забни техничари. Две години работел како забен техничар во Прилеп, а потоа се преселил во Скопје, каде што го поминал остатокот од животот. Во тој период го следела југословенската тајна служба УДБА.
Во 1968 година го објавил романот „Пепелаши“, а следната година и стихозбирката „Еротикон-еротикон“, за која добил награда на „Струшките вечери на поезијата“ и наградата „Кочо Рацин“. Неговиот книжевен опус ги опфаќа и драмата „Смртта на божјиот човек“, романите „Падар“ (1982), „Потковицата на смртта и надежта“ (1986) и „Поткованиот врабец“ (1988), како и делото „Logomahia V – Адресирани фрустрации“ (2006). За „Потковицата на смртта и надежта“ ја добил бугарската книжевна награда „Димитар Талев“. Според неговиот роман „Подгревање на вчерашниот ручек“ е снимен истоимениот филм во бугарско-македонска копродукција.
Миле Неделковски почина на 21 јуни 2020 година во Скопје.
