| |

ОПАСНОСТ ОД ПУКАЊЕ НА ГЛЕЧЕР, ИТАЛИЈА ЕВАКУРАШЕ НАСЕЛЕНИЕ И ЗАТВОРИ ПАТИШТА КАЈ МОН БЛАН

Италијанските власти ги затворија патиштата и го евакуираа околното население откако експертите предупредија дека би можело да дојде до откинување и уривање на дел од глечер на Мон Блан.

Како што се наведува во предупредувањето, постои опасност за откршување на околу 250.000 метри кубни од глечерот Планпинисиј, на врвот Гранд Жорас.

Градоначалникот на блискиот град, Курмајор, Стефано Мисероки, изјавил дека глобалното затоплување го менува изгледот на планината. Масивот Мон Блан е највисок планински појас во западна Европа и има 11 врвови над 4.000 метри во Франција и во Италија, кои привлекуваат повеќе стотици туристи годишно.

Слични Објави