Оптимист сум дека ќе најдеме решение со МОН за сите студенти, вели Темелковски

/

Претседателот на универзитетското собрание на УКИМ, Славчо Темелковски во гостувањето во „Топ тема“ рече дека за време на вчерашниот разговор во Собранието било потенцирано дека во однос на носењето на одлуки на државно ниво, младите треба да бидат дел од овој процес. Тој кажа дека е оптимист за усвојување на решение за студентскиот оброк кое ќе биде системско и долгорочно.

-Ние предлагаме легитимни решенија кои можат да се адаптираат и применат. Секогаш е подобро да се донесе едно решение кое ќе биде системско и долгорочно. Притоа нема да има потреба од постојани законски измени, кои можат да бидат кочени.

Кога вчера се согласија предлагачите на измените, како и министерот за образование, за тоа ние студентите да учествуваме во работните групи, јас сум оптимист дека ќе се донесе многу добар закон кој ќе придонесе многу за сите студенти, рече Темелковски.



Извор: zoom.mk

Претходна статија

Молдавија остана без струја по денешните руски напади во Украина

Следна статија

Руски ракети паднале во Полска, има двајца мртви: Свикан итен состанок

Најново од Вести