|

Ослободителна пресуда за обвинетите во случајот Ласкарци побара одбраната

Ослободителна пресуда за обвинетите, односно за второобвинетиот Ремзи Мифтари и третообвинетиот Игор Ѓорѓиевски во случајот „Ласкарци“ побара одбраната во завршните зборови во Кривичниот суд во Скопје.

Според адвокатката Сузана Абдурахими, бранителка на второобинетиот Ремзи Мифтари, одговорен за транспорт во фирмата „Дурмо Турс“ ниту еден доказ не докажал дека се исполнува обвиението што му се става на товар на обвинетиот.

„Ниту еден доказ не значи дека го исполнуваат битието на обвинението што му се става на товар. Бараме ослободителна пресуда бидејќи јавниот обвинител не докажа надвор од разумно сомнение дека го сторил делото, рече таа.

Бранителката на третообвинетиот Игор Ѓорѓиевски, адвокатката, Ружа Томеска, истакна дека јавниот обвинител не докажал надвор од разумно сомневање дека Ѓорѓиевски го сторил делото што му се става на товар и побара ослободителна пресуда.

Се осврна на сведочењата на оштетените кои, како што рече, тврделе дека возачот не кочел што, според неа, упатува на тоа дека случувањето на несреќата е субјективен фактор.

Завршни зборови по паузата се очекува да дадат и одбраната на четвртообвинетиот, Горан Дуковски, петтообвинетиот, Јане Боварски, и шестообвинетиот Маноил Трифуновски.

Во текот на изминатата расправа завршни зборови даде јавниот обвинител, Дарко Јакимовски, и бранителите на првообвинетиот, сопственик на „Дурмо Турс“, Дурмиш Белули.

Јакимовски побара најстрога казна за обвинетите за автобуската несреќа што се случи во 2019 година кај Ласкарци. Според него, кај сите обвинети постоела безобѕирност во постапувањето и било прашање на време само по која основа, како што рече „хаосот на работењето може да резултира со вакви или слични последици“.

Најстрога казна тогаш побараа и оштетени, родители и роднини на загинати во сообраќајната несреќа. <



Слични Објави