|

„Останете дома“ – најавени нови дождови во Грција, сообраќајот на Скијатос во прекин, има загинат и исчезнат

Маж (34) исчезна во Волос, откако со својот автомобил се обидел да помине низ порој во оваа област. Според медиумите, во возилото бил и неговиот син, кој е во добра здравствена состојба.

Истрагите на ЕМАК и ЕЛАС се во тек за идентификација на мажот во Волос. Како што информираат од противпожарната служба, 34-годишен маж се обидел со својот автомобил да ја помине поплавата предизвикана од невремето Даниел во областа Екатерини Волос.

Откако се заглавил, мажот се обидел да ја отвори вратата и да ја пробие водата, но силната струја го однела од возилото.

Еден човек загина во поплавите во Волос, централна Грција, откако бурата Даниел ја погоди Тесалија.

Пожарникарите добиле повик да спасат едно лице во Волос, но кога пристигнале нашле мртов маж, објави „Катимерини“.

Στο όριο υπερχείλισης ο χείμαρρος Ξηριάς στη Νέα Ιωνία Βόλου. Στο ίδιο σημείο εκδηλώθηκαν 2 πυρκαγιές πριν λίγες ημέρες..
Βίντεο του Dimitris Tsou

Αναφορά από την @pyrosvestiki για 2 νεκρούς στους πρόποδες του Πηλίου pic.twitter.com/JhXKChLHDk

— meteo.gr – Ο καιρός (@meteogr) September 5, 2023

Врнежите се очекува да продолжат, а Националната метеоролошка служба ги карактеризира како екстремни врнежи.

Директорот на Националната метеоролошка служба Тодорис Колидас се фокусираше на развојот на бурата наречено Даниел, која се очекува да ја погоди Грција во три фази.

Врз основа на сателитски мерења, 369,8 милиметри дожд се забележани за 24 часа над морската област Споради.

#Ντανιελ#Βόλος pic.twitter.com/LEuoteELOE

— Αριστείδης Καρατζογλου (@Akaratzoglu) September 5, 2023

Драматични снимки пристигнуваат од Грција, особено од областа Волос и Пелион, каде поради поплавата многу автомобили завршија во морето.

Прекин на сообраќајот на Скијатос

Генералната регионална полициска управа на Тесалија, поради невремето, привремено го забрани движењето за сообраќај на целата мрежа на Скијатос, до смирување на временските услови.

Бурата Даниел беше предизвикана од студен бран во горниот дел од атмосферата и интензивното движење на водената пареа што предизвика обилни врнежи.

Јавните и општинските служби во Волос и Тесалија денеска се затворени поради лошото време и поплавите.

Παγασων, πισω απο το τσασλαπατα #βολος pic.twitter.com/OCYBDDB9Cc

— Ταβερνιάρης ο X (ιξ) (@le_tavernier1) September 5, 2023

„Седете дома“

Градоначалникот на Волос, Ахил Беос и регионалниот шеф на Тесалија, Костас Агорастос, упатија апел до граѓаните да останат во своите домови поради временските неприлики.

„Каде одите сите? Лудо е тоа што се случува. Сме кажале 100 пати. Апелираме до сите да останат дома. Од вчера ви кажуваме, реките ќе се излеат, знаете ли која вода доаѓа? Одете во своите домови“, вели Беос додека стои во вода до колена.

Невремето го зафати и Солун, а засега нема информации дека предизвикало некакви проблеми.

Грчките медиуми јавуваат дека во текот на ноќта неколку пати удрил гром, додека во раните утрински часови силен ветер ја погодил општината Агиа и брегот на Лариса, што довело до прекин на електричната енергија во многу села во областа.

#antireport#BREAKING
Ξεβράζονται πλέον αυτοκίνητα στη θάλασσα στον Άγιο Ιωάννη Πηλίου. Σε εξέλιξη η καταστροφή από τις πλημμύρες στο Βόλο. #Greece #Βολος #μαγνησια pic.twitter.com/9KcyUJC72P

— V E L O C I T Y (@Sacco_69) September 5, 2023

За потсетување, Цивилната заштита на Грција вчера ги предупреди граѓаните и туристите на опасни временски услови во областите Евија, Тесалија, Солун, Лариса, Пиерија, Споради и Магнезија, додека влошување на времето се очекува во поголем дел од земјата.

Слични Објави