| |

ОТЕЦ ОЛИВЕР ПЕТРОВСКИ: СЕМЕЈСТВОТО КОЕ ЖИВЕЕШЕ ПОД МОСТОТ ДОБИ ПРИВРЕМЕН ДОМ, ВЛАДАТА ДА НАЈДЕ ТРАЈНО РЕШЕНИЕ

Отец Оливер Петровски од хуманитарната организација „Свети Спас“, информираше дека хуманитарната акција за семејството кое живее под мост е успешна, затоа што е пронајдена куќа каде што ќе може да се сместат.

„Успеавме!!! Секоја чест на секој од вас!!! Повеќе не се “семејството што живее под мостот” затоа што од денес нема да мрзнат на студот. Во куќата во која се сместени ги има сите услови, но нѝ фали машина за перење, па се надевам дека некој од вас ќе се пријави да донира.
Исто така, потребен е мобилен телефон за да бидеме во контакт со нив…
Сепак, мора да нагласиме дека ова е само привремено решение, а трајното решение МОРА да го пронајде ВЛАДАТА И НАДЛЕЖНОТО МИНИСТЕРСТВО. Денес тие ми кажаа уште една непријатна вест: укината им е минималната социјална помош. Ние уште во понеделник ќе поднесеме жалба и се надевам дека ќе ја уважат.
Бог да ве благослови сите!!!“, напиша Отец Оливер.

Драги читатели, доколку сакате да помогнете на ова семејство или воопшто на сите случаеви каде што помага Отецот, влезете во facebook групата Хуманитарна организација „Свети Спас“, таму ќе ги добиете сите информации и начинот како да се помогне.

Слични Објави