| |

“Отпишаните”

Среќна нова 1949 на нашиот медиумски простор, враќајќи ја повторно за емитување  тв серијата Отпишаните, кои никако да ги отпишат од својот ТВ репортоар.

По кој знае кој пат Македонците ќе можат да “уживаат” во оваа врвна “тв серија”, со згодите и незгодите на “јунаците” во неа.

Покрај Отпишаните, на друг медиум оди тв серијал за Југославија и животот во неа, со цел побудување на југоносталгија во народот во овие кризни времиња за нас.

Иако со референдум се ослободивме од Југославија, духовно и медумски сеуште огромен дел од народот живее таму, тотално изгубен и без морал, а да биде ужасот поголем тоа се пренесува и на младите дечиња кои уште од мали нозе се задоени и се таргет за перење на мозок за животот во Југославија преку овие југословенски филмови, документарци и тв серијали.

Целта е уште од најмали нозе кај децата да се створи некаков идеал кон комунистичката утопија, градејќи херои од комунистите.

Наместо да снимиме нешто наше, наместо да го опфатиме минатото, кога веќе толку љубиме да гледаме во него, постојано се вртат исти и па исти филмови, серијали, кои обичниот Македонец ги знае на памет. Може например да се сними сериал за периодот на нашите борби за ослободување, животот за време на балканските и првата светска војна, животот помеѓу двете светски војни, да не зборам пак, за  филм кој ќе го прикаже реалниот живот ,градењето на Македонија во периодот 1941-1944.

Јас никогаш не сум гледал ниту сум уживал во овие бајки од партизански филмови и тв серијали што најверојатно се должи на моето постојано читање на историски книги од мали нозе и мојата љубов кон историјата а не кон бајките и лагите на комунизмот.

Сепак поголемиот дел од младината нема никаков интерес кон читање на било какви книги, без разлика дали се историски, научна фантастика, романси, а тоа ја прави лесна мета за манипулации преку овие филмови, со што тајно и полека се гради чувство на југословенски национални вредности кај нив, наместо да бидат Македонци, горди и свесни на своето потекло.

Кога веќе се даваат тв серијали од минатото, зошто да не бидат странски, за да увиди нашата малограѓанштина каков бил животот и колку понапредни биле луѓето на запад  за разлика од времето на тогашната СФРЈ.
Митот Југославија и југословенство живее само кај нас. Уште е живо чувството на припадност кон држава во која сите бевме еднакво сиромашни, држава во која ние бевме нејзиниот отпад.

Само за илустрација додека ние гледаме исти филмови и серијали, нашите соседи неуморно снимат, а едни успеа да направат најгледана странска серија во САД, серија која погодувате не одеше на нашите тв екрани.

А ние? Ние не се осудуваме да снимиме нешто повеќе од бедни тв комедии, на кои ни мртовец нема да се насмее, со очаен квалитет колку да се истрошат парите на фондот, а во меѓувреме да гледаме турски тв серијали, „Жикина династија“ и „Отпишани“.
Па сега по кој знае кој пат ќе се гледат згодите и незгодите на комунистичките терористи, па за некој ден ќе се гледа некоја битка на Неретва, офанзива, отупувајќи го и оглупувајќи го младиот Македонец со лаги и митови за една држава која веќе не постои.

И така емитувајќи го овој серијал со години и години наназад, ние добивме неколку генерации на едни навистина Отпишани млади, кои се далеку од вистинска култура, уметност и вредности.

Автор: Ојнак

Слични Објави