| |

П. БОГОЕСКИ: ЈУГОНОСТАЛГИЈАТА Е ВО ОСНОВАТА НА НАТОСКЕПТИЦИЗМОТ

„Во основата на НАТОскептицизмот е југоносталгијата“- тоа го изјави Петар Богоески од ВМРО-ДПМНЕ за време на своето гостување во емисијата „Отворено студио“ на Алфа тв. Според Богоески, југоносталгијата е многу распространета на територијата на Република Македонија и ги има опфатено пред се повозраната група на луѓе без некоја поголема разлика на етничката определба. Богоески додаде уште дека и стравовите од минатото дека НАТО ќе ја нападне Југославија се во основата и на антиНАТО расположението во Македонија. Според реформаторот на ВМРО-ДПМНЕ, работа на политичарите е да го доближат народот до НАТО и да ги сузбијат предрасудите во однос на Северноатлантската алијанса. Богоески истакна уште дека е „себичен“ Македонец и ги гледа пред се македонските интереси, кои се тесно поврзани со влезот на Македонија во НАТО.

Слични Објави