|

Папата Франциско: Се води светска војна против животната средина

Папата Франциско најави дека во октомври ќе објави нов документ за заштита на природата, во кој ќе наведе дека тоа ќе го стори поради, како што наведе, „страшната светска војна“ која се води против животната средина, пренесуваат медиумите во регионот.

Говорејќи на неделната генерална аудиенција, папата рече дека ќе го објави новиот документ на 4 октомври, на денот на заштитникот на животната средина, и дека ќе биде издаден како апостолски поттик.

Тоа е продолжување на мисијата на папата од 2015 година, во која тој зборуваше за потребата да се заштити животната средина во услови на зголемени климатски промени, како и да се намали употребата на фосилни горива, објави Ројтерс.

Папата Франциско рече дека новиот документ ќе биде ажуриран за да одговори на актуелните прашања.

Опишувајќи ја природата како „свет дар од Создателот“, папата ги повика луѓето да застанат на страната на „жртвите на еколошките и климатските неправди“.

Американскиот претставник за климата Џон Кери изјави за Ројтерс во јуни по состанокот со папата од 2015 година таа мисија имала големо влијание и дека климатската конференција таа година поставила цели за ограничување на глобалното затоплување.

Папата минатиот месец рече дека е потребна итна акција за борба против климатските промени и апелираше до светските лидери да преземат поконкретни чекори за ограничување на емисиите на загадување, пренесуваат медиумите.

Слични Објави