Пазарот во Делчево посакувано место за луѓето од Благоевград, Симитли, Ќустендил, Сандански и Разлог
Бугарите кои живеат во близина на границата со РС Македонија масовно ги користат викендите и празничните денови за да си купат овошје, зеленчук и други производи од пазарот во Делчево.
На пазарот во Делчево можете да сретнете луѓе од Благоевград, Симитли, Ќустендил, Сандански и Разлог, јавуваат од бугарската приватна телевизија Нова. Во нивниот материјал се вели дека цените не се многу пониски од тие во Бугарија, но купувачите велат дека се поквалитетни.
