|

Пелоси го напушти Тајван, Кина продолжува со вежбите

Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси го напушти Тајван. Нејзината посета предизвика остра реакција на Кина, која веќе се закани со одмазда и почна воени вежби во непосредна близина на островот, кој го смета за своја територија.

Според агенциите, Пелоси, чија делегација вчеравечер дојде во ненадејна посета на Тајван, по посетата на Сингапур и Малезија, ја продолжува својата азиска турнеја со посети на Јужна Кореја и Јапонија.

Нејзиниот авион полетал од тајванскиот главен град Тајпеј околу 18 часот по локално време, објави Ројтерс.



Слични Објави