|

Пендиков бил претепан од човек кој тренира источни боречки вештини

Македонскиот Бугарин Христо Пендиков, кој беше претепан вечерта на 19 јануари, бил нападнат од човек кој тренира источни боречки вештини, јавува БГНЕС.

Илија Спасевски, кој му нанесе низа брутални удари во грб на Пендиков, тренира џиу џицу. Член е на карате клубот „Кун-су-то“ од Охрид.

Спасевски учествувал на натпревари и од нив освоил бројни награди.

Од ударите Пендиков се здобил со повреди на пршлените, ребрата и вилицата. Тој има и тешки повреди на главата. Пендиков од синоќа е на лекување на Военомедицинската академија каде треба да му бидат извршени одредени хируршки интервенции.

Слични Објави