|

Пентагон најавува нов пакет-помош за Киев од две милијарди долари

Пентагон денес ќе објави нов пакет-оружје за Украина во вредност од повеќе од две милијарди долари, изјавија официјални лица за „Блумберг“.

Средствата доделени во рамките на иницијативата за безбедносна помош ќе бидат искористени за купување ракетни фрлачи и ракети „Хок“, како и за два вида напредни ракети за противвоздушна одбрана „Патриот“.

Воздушната одбрана е главен приоритет за Киев за да се спротивстави на речиси секојдневните руски воздушни и копнени напади со крстосувачки и балистички ракети врз градовите како дел од долгоочекуваната контраофанзива, пишува „Блумберг“.

Слични Објави