| |

Перев за Euronews Bulgaria: Деморатијата, демократските одлуки и промената на Уставот со вклучување на Бугарите во него се единствениот излез од кризата меѓу Скопје и Софија

Демократијата, демократските одлуки, промената на Уставот со вклучувањето на Бугарите во истиот се единствениот излез од кризата во која се наоѓаат односите меѓу двете земји. Вака редовниот колумнист на порталот Трибуна Владимир Перев во интервју за Euronews Bulgaria ги опиша заклучоците од средбата на македонските Бугари со министерот за надворешни работи на РСМ, Бујар Османи .

„Средбата меѓу Бујар Османи, Георги Трендафилов и Љубчо Георгиевски се одвивала во прекрасна и пријателска атмосфера, на која се зборувало за „заедничка акција“ на македонските Бугари заедно со МНР на РСМ за ублажување сите тензии што се појавија во односите меѓу двете земји и меѓу бугарскиот етнос во Македонија и македонската држава. Утврдено е дека работите можат да се променат и да се движат напред, но само со смирување на ситуацијата, со разумни разговори, со некои размислувања како да се средат работите – во интерес на двете страни, но со целосно почитување на правата на македонските Бугари“, вели Перев.

Тој посочи дека во Македонија постои илузија која полека се пренесува на одредени структури во Бугарија – политички, новинарски, социолошки, невладини организации, а имено илузијата е дека работите ќе се средат без промена на македонскиот Устав.

Ова нема да се случи, убеден е Перев.

„Затоа се создава тензија за на кој било начин да се пролонгира процесот на признавање на македонските Бугари во Уставот. Тоа се прави и за да се избегнат потресите што може да се случат во сегашната владејачка коалиција“, објасни тој.

Перев истакна дека не е приврзаник на идејата споровите меѓу РС Македонија и Бугарија да се решаваат со меѓународно посредништво.

„Јас не сакам посредништво, бидејќи, ако се постигне некакво такво решение, жртви ќе бидеме ние македонските Бугари“, вели Перев.

Слични Објави