Петмина загинати во експлозија на гас во трговски центар во Тајван
Најмалку пет лица загинаа, а седум се повредени во експлозија на гас во трговски центар во централниот тајвански град Таичунг, соопшти противпожарната служба.
Експлозијата се случила на 12 кат од зградата каде што се одвивале градежни работи, соопштија пожарникарите.
Ресторанот во тоа време бил затворен поради градежни работи, се додава.
Тајванскиот претседател Лаи Чинг-те преку објава на Фејсбук повика на брза истрага за причините за експлозијата.
Текстот Петмина загинати во експлозија на гас во трговски центар во Тајван е превземен од МАКФАКС.