| |

По 19-ти пат во унгарскиот град Сегед се одржуваат Денови на бугарската култура

Во унгарскиот град Сегед по 19 пат се организираат Денови на бугарската култура, најави Моника Фаркаш-Барати од бугарската самоуправа во универзитетскиот град.

Како и секоја година, програмата е разновидна и богата. Почетокот културната манифестација се случи денеска со „хоротека“ во кафулето „Радноти“, во организација на танцовата група „Балкан“ Групата е основана во 1990 година, а нејзиниот танцов репертоар ги опфаќа сите етнографски региони на Бугарија, јави БТА.

Утре во Домот на народностите во Сегед ќе биде отворена изложбата на фотографии на Антони Георгиев „Еврејското наследство во Бугарија“, посветена на 80-годишнината од спасувањето на бугарските Евреи. Ќе бидат претставени и снимки од материјалното наследство на Евреите во Бугарија.

Последниот настан е концертот на 10 ноември на „Zuryos band“, чии музички ЦД-а заземаат водечка позиција на топ листите како што е World Music Charts Europe.



Слични Објави