|

По 5.000 денари добија учениците кои се запишаа во средното училиште во Македонски Брод

Општина Македонски Брод продолжува со превземање на стимулативни мерки за развој и придонес во областа на образованието.

Од општината инфорираа дека во тој контекст, денес беа исплатени еднократните надоместоци, во висина од 5 000 денари, за сите ученици кои се запишаа во прва година во средното општинско училиште.

По 5.000 денари добија и учениците кои минатата година освоија награди на регионални и државни натпревари.

Слични Објави