|

По бурните реакции во јавноста, Бојан Маричиќ го повлече скандалозниот список за помилувања

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, го повлекува списокот со предлогот за помилување, на кој се најдоа осуденици како Сеад Кочан, Александар Василевски-Нинџа, Бобан Илиќ. Маричиќ испрати допис до претседателот Стево Пендаровски во кој посочува дека целокупниот материјал мора да биде повторно разгледан. На социјалните мрежи се огласи и заменик-министерот Агим Нухиу, кој информира за одлуката.

„Ја информираме пошироката јавност дека иницијативите за помилување поднесени од управите на затворите се повлечени од страна на Министерството за правда. За каузата на правдата ние секогаш ќе дејствуваме!“, напиша Нухиу.

Сега, според информациите, ќе се прават дополнителни консултации со управите на затворите, каде што затворениците и нивните адвокати бараа помилувања. Првиот список на затвореници до Кабинетот на претседателот е доставен пред десет дена.

Извор: Temite



Слични Објави