| |

Почна мултинационалната вежба „PLATINUM LION 25“ на полигонот „Ново село“ во Бугарија

На воениот полигон „Ново село“ во Бугарија официјално започна мултинационалната воена вежба „PLATINUM LION 25“, која ќе трае до 27 јуни. Отворањето го означи полковник Иван В’лев, командант на Петтата бригадна команда од составот на Копнените сили на Бугарија.

Во оваа вежба учествуваат повеќе од 190 припадници на вооружените сили од четири земји: Бугарија, Италија, Романија и Црна Гора. Темата на вежбата е „Одбрана на механизирана чета во прв ешалон на баталјонска борбена група“.

Полковник В’лев, кој е и раководител на вежбата, во своето обраќање на свеченото отворање истакна дека очекува сите учесници по завршувањето на обуката да си заминат со нови знаења и вештини.

Слични Објави