| |

Почнува судскиот процес против напаѓачот на Христијан Пендиков

Во Основниот суд во Охрид денеска треба да се одржи првото рочиште против напаѓачот над секретарот на бугарскoто здружение „Цар Борис III“во Охрид, Христијан Пендиков.

Процесот ќе го води судијата Бојан Мартиноски, а на напаѓачот ќе му се суди за крвично дело напад од омраза со тешки повреди.

Основното јавно обвинителство – Охрид за нападот врз Пендиков поднесе обвинение против две лица. Едниот обвинет досега се брани со молчење, и како што информираа претходно од Обвинителството, тој се товари за кривичното дело по увид во надзорните камери и изјави на сведоци. Вториот обвинет, пак, кој беше во бегство, беше приведен минатата недела во Битола.

Секретарот на бугарското здружение „Борис III“ Христијан Пендиков беше претепан на 19 јануари пред кафе-бар во Охрид. Случајот предизвика огромен број вербални и пишани напади врз жртвата во случајот, а исто така и тензии во односите меѓу Скопје и Софија.
Пендиков доби голем број закани по неговиот живот, бугарските власти испратија авион со кој, истиот беше транспортиран на лекување во Софија каде што се наоѓа и во моментот.

Слични Објави