| |

ПОГЛАВАРОТ НА ИВЗ СО ЗАКАНА: АКО НЕ НИ ГИ ДАДЕТЕ ПАРИТЕ ШТО НИ СЛЕДУВААТ ЌЕ ГО ПОВЛЕЧЕМЕ ПОВИКОТ ЗА НЕПОСЕТУВАЊЕ НА ЏАМИИТЕ И ОВДЕ ЌЕ СТАНЕ КАКО БАНГЛАДЕШ

Реисот на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи  се закани дека ќе го повлече апелот за непосетување на верските објекти поради епидемијата, ако Владата не и го даде на ИВЗ делот од помошта што ѝ следува.

Во изјава за „Газета Лајм“ Реџепи рекол дека ако го повлече апелот ситуацијата ќе излезе од контрола и овде ќе станело Бангладеш.

Поглаварот на ИВЗ вели дека испратиле порака до вицепремиерот Бујар Османи како координатор на кризните штабови ИВЗ да го добие својот дел од помошта, но  досега немаат никаков одговор.

„Ќе пуштиме уште едно барање и ако не ни одговорат знаеме како да постапиме. Не дај Боже ако ги повлечеме нашите повици за пандемијата“, рекол Реџепи.



Слични Објави