|

Покетино: Заслуживме дури и да победиме!

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино беше многу задоволен и горд на својот тим после мечот со Јувентус во Торино.

„Спарси“ успеаа да се вратат од два гола негатива, а Покетино тврди дека неговиот тим заслужил победа.

„Фантастичен натпревар. Започнавме без потребната концнетрација и примивме два гола за 8 минути. Меѓутоа покажавме неверојатен карактер. Сакам да им честитам на играчите, ме направија горд. Да играш вака против Јувентус во Торино значи многу. Ние дури заслуживме и да победиме“, изјави Покетино.

„Сега сме поискусен и поздрел тим. Во последните неколку недели постојано напредуваме. Мечот против Јуве беше добра можност да видиме до каде сме стигнале. Во фудбалот секогаш е потребна и малку среќа. Веруваме дека можеме да победиме на Вембли“, заклучи Покетино.

Извор: Sportski.mk



Слични Објави