ПОЛНЕТА ТОРТА СО СИРЕЊЕ И ЗЕЛЕНЧУК

Потребни состојки за подготовка на тестото:
– брашно – 550 – 600 гр.
– 1 пакетче сув квасец
– 3 лажици маслиново масло
– вода- 300 ml (ладна)
– 1 лажичка сол
– 1 лажичка шеќер

Потребни состојки за подготовка на филот:
– 2 пиперки -(по можност зелена и црвена)
– 1 домат
– моркови- 10-15 парчиња
– брокула- 3- 4 парчиња
– моцарела- 100гр.
– топено сирење- 200гр.
– босилек- 4- 5 гранчиња
– сол
– шеќер
– црн бибер
– маслиново масло

Најпрво се подготвува тестото. Квасецот се раствара во млака вода заедно со шеќерот и 2-3 лажици брашно. Потоа додадете го
претходно исеаното брашно во смесата со квасец и месете го додека не добиете меко тесто.
Потоа покријте го и оставете го 30 минути да стаса. За тоа време подгответе го зеленчукот.

Исечете ги пиперките на коцки, брокулите и морковите потопете ги за кратко во врела вода а потоа се исплакнете ги со ладна.
Исецканиот домат ставете го во тава за готвење заедно со шеќерот, солта и босилекот додека да се згусне. Исечете го сирењето и моцарелата. Од веќе стасаното тесто се зема 1/3 и расукајте го во  круглеста форма. Ставете го во садот за печење а од останатото
тесто направете топчиња со големина на орев и наредете ги врз кората по крајот во вид на круг , на секое парче ставете од топеното сирење.  Во средината го ставаме сосот од домати па зеленчукот, моцарелата и топеното сирење. Премачкајте од одозгора со маслиново масло и нека отстои 15-20 минути.
Печете во загреана рерна за 180 степени со вентилатор, 30 минути.

Добар апетит!



Слични Објави