ПОПИСОТ НАЕСЕН 2020 ИЛИ ВО АПРИЛ 2021 ГОДИНА

Пописот на населението да се одржи во април 2021 година, а Законот за попис да биде донесен пред формирање на техничката Влада, бараат од Државниот завод за статистика.

Заводот преку соопштение денеска информираше дека ќе го даде предлогот за пролонгирање на пописот до Министерството за правда, кое е официјален предлагач на Законот за попис на население, домаќинства и станови.

Според премиерот Зоран Заев без разлика дали пописот ќе биде во 2020 или во 2021, законот мора да се донесе до крајот на годината. Очекува деновиве Заводот да предложи до Владата стручна анализа како тие гледаат на одржувањето на пописот.

Освен предлогот за пролонгирање на пописот, во денешното соопштение на Државна статистика се најде и демантот, но и најавата за тужба за клевета до лидерот на ВМРО_ДПМНЕ Мицкоски, поради како што велат, неточни и лажни изјави дека ДЗС фабрикува извештаи по нарачка на Владата, од ВМРО-ДПМНЕ побараа директорот на статистика наместо да се заканува со тужби да одговори дали се лажирале податоци.

Од ВМРО-ДПМНЕ, иако не презентираа докази, тврдат дека нивните информации се темелат на сведоштва од поранешни вработени во статистика.