ПОПОВСКА: СОСЕДИТЕ ДА СЕ ИЗВИНАТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ЗА ЗЛОТО ШТО ГО НАНЕСОА

//

„Никогаш Македонците ниту присвојувале туѓи територии, ниту туѓа историја. Боло обратно, зашто нашите соседи пред нас формирале свои држави и обезбедиле моќни сојузници.

Сеуште има живи сведоци за македопнските голготи и неприфатливо е некогашните завојувачи да ни држат придики“,- реагира пратеничка од редовите на ДОМ, Лилјана Поповска за изјавата на премиерот Заев за грчка ТВ „Алфа“ според која Македонците присвојувале туѓа историја.

„Напротив, во духот на европските вредности за меѓусебно почитување и толеранција, треба да ја прифатат историјата каква што била и да им се извинат на Македонците за сето зло и болките што им ги нанела“, пишува Поповска на Фејсбук.



Претходна статија

ГЕРОСКИ ГИ ПОВИКУВА МИЛЕНКО И САШЕ ПОЛИТИКО ДА ЈА ОБЈАВАТ СНИМКАТА КАДЕ ШТО ТОЈ ЗЕМА МИТО

Следна статија

ОДБИЕНО БАРАЊЕТО НА КОЧАН ЗА ОДЛОЖУВАЊЕ НА ЗАТВОРСКАТА КАЗНА

Најново од Вести