ПОРАДИ ПРОМЕНА НА СОСТАВОТ НА СУДИИ РОЧИШТЕТО ЗА ПРЕДМЕТОТ „ТИТАНИК 3“ Е ОДЛОЖЕНО
Поради промена на составот на судиите и денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ е одложено.
Во предметот на Специјалното јавно обивнителство „Титаник 3“ обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури.
Аљими и Гури се обвинети затоа што како членови на Општинската изборна комисија во Чаир „уништувале изборен материјал“.
Двајцата обвинети, според Специјалното јавно обвинителство, со своите дејствија влијаеле директно врз изборниот резултат и имале криминален нагон да ја фалсификуваат изборната волја на граѓаните на Чаир со цел да остварат политичка моќ.

