| |

ПОРАЗИТЕ ШТО НИ ГИ ДОНЕСЕ СОЦИЈАЛИЗМОТ

Пред речиси еден месец отидов на сауна. Во буџованските сауни има мал базен со ладна вода за разладување по 90-те степени жештина. Во првиот момент изгледа страшно, но е пријатно и што е поважно корисно за здравјето. Разликата во температурите го јакне организмот, освен тоа ако не се изладиш и излезеш од сауната испотен ќе настинеш.

Во сауната што јас ја посетувам, прашањето со ладењето е решено со црево преку кое тече ладна вода. Ок е. Да ама не. Некој го украл вентилот. Во суштина вентилот си е таму, ама го нема пластичниот дел и не може да се пушти водата. Излегов и се прошетав 4-5 минути на плоштадчето пред Министерството за младина и спорт. И такви работи се случуваат. Се плашев само да не ме „уапсат“.
Врне снег, јас „млад дечко“ со бела коса, се шетам по купачи.
По 10-тина дена пак отидов во истата сауна, ладната вода пак не можеше да се користи.

Во никоја нормална земја, која што не се радувала на декади социјализмот, тоа не може да се случи. Најмалку 10 луѓе ќе испратат поплаки, а некој вработен во сауната ќе треба да си бара нова работа. Можеби ќе ме прашате, дали јас напишав поплака. Не другари, затоа што и јас сум оштетен од социјализмот.
Си го купив пластичниот дел од вентилот и сега кога одам во сауна, го носам со себе.

Ја разкажав таа приказна на еден мој пријател и тој само мавна со рака и рече дека проблемот не бил голем, бидејќи малку луѓе оделе во сауна.

Ок, ќе ви раскажам за друг случај, во кој „оштетените“ се милиони. Пред 7-8 години имаше европско во фудбал. Десетина дена мерак со ракија, мезе и салати. Имаше еден мал незгоден момент. Звукот од телевизорот одеше некаде околу пола секунда пред сликата. Коментаторот се дере- ГООЛ!, а топката уште не влегла во голот. Тоа нервира многу дури и да си испил повеќе од 3 ракии. На петиот ден го средија проблемот и финалната фаза од турнирот ја гледавме нормално. По неколку дена грешката се разјасни.
Цела Европа била погодена, но во нормалниот дел од неа, проблемот бил решен истата вечер. Ние трпевме 5 дена, а Русите го гледале целото првенство така.

Нормално е, ние под комунизам сме биле 45 години, а тие речиси 90.
Можеби некој од вас ќе си рече, што е крив тука социјализмот?
Ќе ви кажам. За време на комунизмот, луѓето навикнаа да бидат понижувани и тепани по главите. Најточниот одговор на ова прашање го даде другар ми Џони:
„Ако советската армија ја беше „ослободила“ Грција, не Бугарија, сега Грците ќе доаѓаа во лето да берат домати кај нас, а ние ќе ги ебевме грчките проститутки“.

Автор: Георги Стоев-Џеки, режисер



Слични Објави