| |

ПОВРЕДЕНИ ДВЕ ЛИЦА ЗА ВРЕМЕ НА АВТОМОБИЛСКАТА ТРКА НА ВОДНО

Викендов на патеката на водно имаше автомобилска трка која беше одбележана со еден инцидент по кој едно лице е тешко, а едно полесно повредено откако еден од возачите загубил контрола, и удрил во двете лица кои биле покрај патеката. Случајот го потврдија и од МВР:

„На 11.11.2018 година  околу  11,45 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на патеката за тркање на потегот од Панорама до Средно Водно, додека траела трката на автомобили, С.Т.(36) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Југо“ со скопски регистерски таблици изгубил контрола и удрил најпрвин во ѕид, а потоа во две лица Ј.Н.(39) и  А.М. (38), двајцата од Скопје. Со возило на Итна медицинска помош лицата биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош и од страна на лекар кај А.М. биле констатирани тешки телесни повреди, а кај Ј.Н. констатирани биле телесни повреди. Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје извршен бил увид и се работи на целосно расчистување на случајот“, се вели во извештајот на МВР.



Слични Објави