| |

Познатите бугарски пеjaчки Деси Добрева и Деси Христова со предавање и работилница на тема „Мјузиклите за деца и присуството на фолклорот во нив“ во Оксфорд и Лондон

Познатите бугарски пејачки Деси Добрева, Деси Христова и кореографката Ниа Малешкова се сретнаа со децата од две бугарски училишта во Лондон, јавува бугарското издание БГ Бен. Тие одржаа интерактивно предавање на тема „Мјузиклите за деца и присуството на фолклорот во нив“. Средбата се одржа во просториите на Амбасадата на Бугарија во Лондон.

Покрај учениците од училиштето „Иван Станчов“, се приклучија и нивните родители, од кои некои дојдоа дури и со своите бебиња.

Средбата во Амбасадата на Република Бугарија во англиската престолнина беше исклучително емотивна, бидејќи познатите пејачки Деси Христова и Деси Добрева дадоа се од себе за да го зголемат интересот на бугарските деца за нивниот роден фолклор.

Интерактивното предавање е исклучително интересно, бидејќи вклучува разновидни пристапи, како и едукативни материјали, кои се претставени на прилично интересен и неконвенционален начин. Публика исто така учeствува во самото предавање.

„Се стремиме да ги запознаеме децата со што е можно повеќе бугарски мјузикли, бидејќи тие живеат далеку од Бугарија и ова за нив е понепозната територија. Предавањето завршува со работилница во која сите правиме мјузикл по добро познатата бајка „Црвенкапа“. Намерно ја избравме оваа бајка, бидејќи апсолутно сите ја знаат“, изјави Деси Добрева за весникот БГ БЕН.

Во просториите на Амбасадата се одржа и работилница според бајката „Црвенкапа“, која создаде голема возбуда кај децата, наставниците и родителите.

Средбата заврши со бугарско оро. Деси Добрева ја изведе песната „Седнало е Џоре дос“, а во рефренот се вклучија и децата кои учествуваа на предавањето, што искрено ги трогна присутните.

Двете дами учествуваа и на прославата по повод 10 години од формирањето на уште едно бугарско училиште на Островот – „Слово“ во Оксфорд, каде интересот за нивното предавање исто така беше исклучително голем.

Еден ден пред посетата на Англија, Деси Добрева за весникот БГ БЕН изјави дека поканата од двете училишта за посета на Островот доаѓа откако интерактивното предавање „Мјузиклите за деца и присуството на фолклорот во нив“ било претставено на три бугарски јазични образовни институции во Ирска. Пред тоа, тие ја посетија и Северна Македонија, каде за првпат се одржа предавањето и работилницата. Настанот се одржа во просториите на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје.

„За нас е големо задоволство. Имаме повеќе покани за други градови. Во моментов бараме средства. Ќе аплицираме за некој проект бидејќи треба самите да ги финансираме овие патувања. Организаторите покриваат што можат. Како и во овој случај. Амбасадата на Бугарија ни одговори и не смести таму, за што сме исклучително благодарни. Но сепак се работи за пари, така што бараме и финансиска поддршка. За да можеме да продолжиме да ги правиме овие работи и не само да ги радуваме децата, туку и да ги запознаеме со бугарската култура. Ги истакнуваме токму бугарските мјузикли и фолклорот во нив. Исто така и начините на кои се толкува фолклорот. Ова е мојата област каде имам најмногу искуство. И тука доаѓаат најголемите предизвици и најголемиот интерес“, изјави Деси Добрева за БГ БЕН.

Слични Објави