ПРЕД ДВА ДЕНА ЕДЕН ОД НАПАЃАЧИТЕ НА ЗИЈАДИН СЕЛА БИЛ БРУТАЛНО ПРЕТЕПАН ВО „ШУТКА“
Пред два дена во затворот „Шутка“ во Скопје се случил тежок инцидент, каде што двајца осудени лица, Албанци, брутално го претепале, Коста Делов, еден од главните осомничени за нападот на Зиадин Села за настаните од 27 април во Собранието, јавува албанскиот портал „PaCensurë“, пренесува Курир.
Според информацијата објавена од порталот инцидентот се случил кога Коста Делов и другите затвореници го искористиле слободното време за прошетка. До нападот дошло, бидејќи двајцата Албанци се почуствувале испровоцирани од Делов, и го претепале до бесознание, така што дури ни затворските чувари не можеле да му помогнат. Во моментот Делов, е во стабилна состојба, а од двајцата осуденици била побарана одговорност.