|

Пред најавеното невреме Кисела Вода ги чисти атмосферските шахти

Со цел да се превенираат можни штети од најавеното големо невреме за денес, Општина Кисела Вода презема активни мерки за чистење на атмосферските шахти.

Тимовите на општината се на терен и интензивно работат на чистење на сите шахти, со цел да се обезбеди нормален проток на вода и да се спречат евентуални поплави. Како локална самоуправа редовно спроведуваме активности за одржување и чистење на јавните површини, но се делува и вонредно, во услови кога имаме најава за можно невреме , како што е случајот денес.

– Како градоначалник на општина Кисела Вода, сакам да ги уверам нашите граѓани дека правиме сѐ што е во наша можност за да ги заштитиме од евентуалните последици на најавеното невреме. Превенцијата е клучна и затоа денес ги чистиме сите атмосферски шахти за да спречиме поплави и други евентуални штети. Сите тимови на општината се мобилизирани и подготвени да реагираат на предизвиците кои би можеле да се појават за време на најавеното невреме. Наша прва и најважна обврска е да ги заштитиме нашите граѓани и нивните имоти. Ве уверувам дека ќе направиме сѐ што е во наша можност да го минимизираме ризикот од поплави и други штети-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

Слични Објави