|

ПРЕДЛОГОТ НА МИЦКОСКИ, ПОЛКОВНИК ДРАГАН КОВАЧКИ ДА ГО ПРЕДВОДИ МВР Е ПРИФАТЛИВ ЗА АХМЕТИ

Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети, попладнево во Собранието имаа средба на која разговараа за можно кадровско решение за МВР, за профилот и биографијата на личноста што ја предлага опозициската партија за министер за внатрешни работи во преодната влада.

Мицкоски по средбата изјави дека се работи за професионално решение, кое пак за лидерот на ДУИ Али Ахмети е прифатливо.

Драган Ковачки е човекот кој лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го предлага како професионално решение за прв човек на македонската полиција во техничката влада, дознава „Макфакс“.

Ковачки дипломирал на Воената академија во Скопје и бил поранешен раководител во службата за Воено разузнавање.

Има завршено повеќе високи школи и обуки во САД и Европа. Се образувал и на Кралскиот колеџ за одбранбени студии во Велика Британија и во Командно-штабната академија во Хрватска.

Според Мицкоски, се работи за човек професионалец од сферата на безбедносните политики, а ова решение воедно претставува освежување на македонската политичка сцена.

Слични Објави