ПРЕГАЗЕН ВЕЛОСИПЕДИСТ ВО КАРПОШ 4

На 14.01.2020 во 17.40 часот било пријавено дека на ул.„Никола Парапунов“, после крстосницата со ул.„Волгоградска“, патничко возило „сеат ибица“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.К.(43) од Скопје удрило во велосипедистот М.Б.А.(64) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила М.Б.А., по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.