Преку ARENDOO до Неа Врасна- прав избор за љубителите на живописните пејсажи!

Нea Врасна е едно од најпопуларните туристички места во Грција, со прекрасна песочна плажа, нуди можност за релаксиран летен одмор. На само неколку километри од Неа Врасна се наоѓаат Аспровалта и Ставрос, со што оваа дестинација се вбројува меѓу најбараните.

Летувалиштето Врасна и новата населба Неа Врасна е прав избор за љубителите на живописните пејсажи и оние кои сакаат да истражуваат. Ќе Ве привлече со долината на „Mакедонските Темпи”, со преминот Рентина со реката Рихеио и со погледот од манастирот на Св. Ѓорѓи.

Неа Врасна е новоизградено место со нови и модерни куќи. Скоро споена со Аспровалта, ја одликуваат широки улици, уредено шеталиште, долга и широка песочна плажа и чисто море. Мирот е сепак главната одлика на Неа Врасна и се препорачува на оние кои сакаат ваков одмор, како и на семејствата со деца. Тоа не значи дека во понудата нема кафетерии и барови на плажа, таверни и ресторани, a за децата забавен парк.

Плажата е долга и широка, воглавно песочна, но на поедини места и камчеста. Морето е чисто и не многу плитко.



Ако ова лето вашиот избор е Неа Врасна, илјадници вили, соби и апартмани можете да најдете на платформата Arendoo , oфицијалната facebook страна на Arendoo.mk или facebook групата Ајде да патуваме! Туристички понуди за хотели, мотели, апартмани, соби…

Претходна статија

Нова песна и видеозапис на Brass Brothers – „Take my Hand”

Следна статија

(Видео) Преку ARENDOO до Сончев Брег- мирно море и проѕирно чиста вода!

Најново од Магазин