ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ ВО ОПШТИНА ЖЕЛИНО: ПОДДРШКА ЗА РАЗВОЈ НА ЛОКАЛНАТА ИНФРАСТРУКТУРА

//

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев заедно со заменик – министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, и советникот за животна средина и просторно планирање, Драган Јованов, ја посети Општина Желино, и се сретна со градоначалникот на општината, Блерим Сејдиу.
На средбата, премиерот Заев и градоначалникот Сејдиу разговараа за актуелната состојба и проблемите со кои се соочуваат граѓаните од општина Желино.

Меѓу другото, тие разговараа за наследените долгови со кои се соочува оваа и повеќе општини во земјата. Премиерот Заев им посочи на општинските раководители за можноста која им стои на располагање на сите општини и градоначалници, да пополнат апликација на Министерството за финансии за долговите што ги имаат, како еден од последните чекори, со што се отвора можност да се склучат договори со банките, преку обезбедени средства од 125 милиони евра и кредити за да може да се финансираат овие обврски.

Освен тоа, во тек е разгледување на апликациите на општината за проектите за изградба на водовод, канализација и градинка во Желино, кои, како што истакна премиерот Заев, се многу важни проекти и за кои Владата обезбедува средства од околу 112 милиони евра, преку заштеди од јавните претпријатија, средства во Министерството за транспорт и врски, средства од ТАВ и нова кредитна линија. Премиерот информираше и за средствата кои се обезбедени за изградба на локалната и регионална патна инфраструктура.



Премиерот Заев истакна дека концептот на владата е руралните општини во земјата да добијат поголема поддршка, порачувајќи дека Владата е свесна за тоа колку граѓаните имаат потреба од капацитетни општини и истакнувајќи го своето убедување дека руралните општини ќе добиваат сè поголемо значење.



Претходна статија

ЈОВАН ДОНЕВ: ЗАЕВ ВЕЌЕ ПОПУШТИ ПРЕД ГРЦИТЕ СО ИЛИНДЕНСКА МАКЕДОНИЈА

Следна статија

МИЦКОСКИ НА КАФЕ ДРУЖБА СО ГРАЃАНИТЕ ОД КУМАНОВО

Најново од Вести