Претставата „Краткиот живот и мистериозната смрт на цар Борис III“ ќе биде одиграна пред лондонската публика
Прeтставата „Краткиот живот и мистериозната смрт на цар Борис III“ дебитираше на фестивалот „Фринџ“ во Шкотска, а од 26 септември ќе игра во The Arcola Theatre пред лондонската публика. Ова го објави изданието „Бугарите во Лондон“.
Саша Вилсон е сценарист и актерка во претставата. Таа е инспирирана од книгата што и ја подарил нејзиниот дедо пред неколку години.
„За мене Бугарија отсекогаш била важен дел од мојата личност и идентитет. Кога дедо ми ми ја подари книгата со наслов „Beyond Hitler’s Grasp“, научив многу за Бугарија во тој период и за тоа каква била нашата улога. Знаев дека има многу во оваа приказна што може да се пресоздаде на сцената за меѓународна публика. И еве сме неколку години подоцна“, прокоментира Саша Вилсон.
Лoра Видева е дел од продукцискиот тим. Лoра ја контактирала Саша кога во 2019 година дознала за продукцијата преку социјалната мрежа Твитер.
„Пред три години прочитав на Твитер – продукција во Лондон на бугарска тема – ми изгледаше исклучително интересно. Не знам дали некогаш вакво нешто е одиграно во Лондон… Ме трогна публиката, која не го зборува нашиот јазик и можеби не е толку информирана за темата, но е допрена од нашиот настап. Има нешто универзално во театарот“, вели Лoра Видева.
Диригентот на хорот и музички специјалист Деси Стефанова се грижи гласовите на актерите да звучат што е можно пофолклорно.
Актерите во претставата се Дејвид Леополд, Џозеф Кален, Клар Френкел и Лоренс Бутман.
Претставата „Краткиот живот и мистериозната смрт на цар Борис III“ раскажува за животот на бугарскиот цар, како и за состојбите во Бугарија за време на Втората светска војна.
