ПРИРОДНИ МАСКИ ЗА РАСТ И ГУСТИНА НА КОСАТА

Подарете ѝ ја на косата неопходната нега за нејзината убавина и сјај. Ова воопшто не е тешко, едноставно направете домашна маска за коса.

Користејќи природни состојки, односно производи кои сигурно можете да ги најдете во вашиот фрижидер, вие не само што ќе направите корисен и ефикасен производ за нега на коса, туку ќе заштедите и значителен износ на пари (во споредба со процедурите во салоните или индустриските препарати).

Маска со мед и ѓумбир: 1 супена лажица мед, 1 суп.л.  ѓумбир, 1 суп.л. масло од репка. Медот малку го загреваме, потоа го мешаме со ѓумбирот и маслото и го нанесуваме на корените на косата. Топлата смеса не треба да биде премногу леплива. Оваа маска го подобрува растот на косата и им дава здрав сјај на краевите.

Маска од леб и пиво: 200 г. р’жан леб треба да се стави во пиво и да впие половина чаша за 2 часа. Добиената смеса треба да се нанесе на косата и да отстои 30 минути. Следен чекор е да ја исплакнете косата со вода во која е растворен јаболков оцет (0,5 чаша оцет на 1 литар вода).

Маска за коса од мед, жолчка и масло од репка: 1 суп.л. мед, 3 л. масло од репка, 1 жолчка. Загрејте го маслото и измешајте го со останатите состојки. Смесата се нанесува на корените на косата и стои околу 1 час. Освен што помага за побрз раст, оваа маска и дава мекост на косата.

Слични Објави