ПРИТВОРЕНИ ЛИЦА ВО ЗАТВОРОТ ШУТКА: ДИРЕКТОРОТ СЕ ИНТЕРЕСИРА САМО ЗА ТЕНДЕРИТЕ ВО ЗАТВОРОТ А НЕ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА ЗАТВОРЕНИЦИТЕ
До нашиот портал стигна електронска порака од група затвореници во КПУ затвор Скопје, во која тие се жалат на односот на диеркторот Есад Рахиќ кон притворените лица во овие тешки денови на пандемија.
„Директорот на затворот Есад Рахиќ не се интересира ниту за здравјето на притворените лица , ниту за тоа како тие да се заштитат во овие тешки моменти. Би сакале да го прашаме, дали за него се интересни само тендерите или го интересира и здравјето на луѓето кои се наоѓаат во затворот Шутка“, велат затворениците во пораката испратена до нашиот портал.