Продолжува реновирањето на граничниот премин „Станке Лисичково“ на границата со Бугарија
Продолжува целосната реконструкција на граничниот премин „Станке Лисичково“ на границата со Република Северна Македонија, информира Главна дирекција „Гранична полиција“ на Бугарија. Од таму додаваат дека транзитот преку преминот се врши преку ограничен број траси поради тековните градежни активности.
Трафикот на останатите гранични контролно-пропусни пунктови со Република Северна Македонија е нормален, велат од бугарската гранична полиција.

