| |

Продолжува судењето за „Насилство во општина Центар“ на СЈО

Во Кривичниот суд за денеска е закажано ново рочиште за предметот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), „Насилство во општина Центар“. Денеска исказ треба да дадат двајца сведоци. Обвинетите во овој случај, поранешниот премиер, Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова и уште девет лица пред Судот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. На претходните рочишта за овој предмет, вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни. Обвинетите во предметот „Насилство во Центар“ се товарат за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.

Извор: Емагазин

Слични Објави