| |

Професионалната земјоделска гимназија од Сандански со иновативен проект за намалување на загадувањето

Професионалната земјоделска гимназија ,, Климент Тимирјазев ” од град Сандански, Р. Бугарија, учествуваше на 32-то издание на меѓународниот еколошки форум ,,Среб’рна 2024″ во градот Силистра со иновативниот проект ,, AI корпа за отпадоци”.

Проектот претставува корпа за отпадоци која преку вештачка интелигенција ги распределува отпадоците и ги распознава различните видови материјали што можат да се рециклираат врз база на звукот што тие го прават при паѓање.
Во проектот учествуваат ученикот Светлозар Цонев , ученик во ll година средно на професионалната земјоделска гимназија во Сандански, раководител е Иван Попов а професор е Костадин Каферинов.

Проектот има потенцијал да го намали загадувањето преку подобрување на процесот за разделно собирање на отпадоците и зголемување на количината на рециклираните материјали. Истиот проект може да се примени во домаќинствата, работните канцеларии и индустриските капацитети.



Слични Објави