ПРОМОВИРАН ТРЕЈЛЕРОТ НА КРАТКОМЕТРАЖНИОТ МАКЕДОНСКИ ФИЛМ „ЗАСЕДА/ПРЕДАВСТВО“

Има ли подобар момент да се сподели едно вакво уметничко дело кое ја прикажува борбата на македонскиот народ за својата слобода од денот на Илинденското востание?

Ви го претставуваме трејлерот за нашиот краткометражен филм насловен ЗАСЕДА/ПРЕДАВСТВО кој прикажува измислена сцена од македонската историја во борбата за слобода на Република Македонија.

Огромна благодарност до Влатко Толески за својата инзвонредна глума, благодарност до Никола Личоски Личо за неговата техничка поддршка.

Исто така огромна благодарност до Diamond Balazhi кој помогна да ја снимиме нарацијата за трејлерот.Огромна благодарност до Kenzie MacKillop за неговата нарација без која оваа креација немаше да изгледа вака светски и огромна благодарност до Gregor Zemljic кој со своите мастеринг вештини се погрижи да звучи светски, напиша авторот на филмот и на музиката Славе Викторијоски.



Слични Објави