| |

Протест-бдеење пред МВР во Софија: „Стоп за војната на патиштата!“

Десетици луѓе се собраа на протест-бдение пред зградата на Министерството за внатрешни работи на Бугарија под слоганот „Стоп за војната на патиштата!“ откако 15-годишно момче загина на пешачка патека во центарот на Софија во саботата вечерта, јавува БГНЕС.

Граѓаните кои дојдоа да изразат сочувство се упатија кон пешачката патека каде беше прегазено момчето. Тие носеа цвеќе во спомен на 15-годишното дете и повикаа да се прекине војната на патиштата. Бдеењето е под засилена полициска контрола.

Во близина на пешачката патека полна со цвеќиња, луѓето со едноминутно молчење му оддадоа чест на споменот на момчето кое стана уште една жртва на патиштата.

15-годишното момче го изгуби својот живот нешто по 21 часот во саботата навечер додека поминувало пешачка патека на улиците „Генерал Гурко“ и „Цар Иван Шишман“. Го прегазил автомобил кој се движел со голема брзина. Примерокот за алкохол на возачот покажал повеќе од 2 промила.



Слични Објави